Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“.

Објавил: admin@magazin | 28 октомври, 2021 5:40

ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ОХРИД – СВЕТИ СТЕФАН

Фото/Текст извор: ©магазин

ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ОХРИД – СВЕТИ СТЕФАН

Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“.

Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина.

Со овој проект освен задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед се подобрува и туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите, ова е дел од замислените проекти на кандидатот за градоначалник на Охрид, Доктор Кирил Пецаков!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести