Мислам дека ова е вештачки продолжен прв бран ( со престроги мерки). Всушност вакви бројки требаше да се има/очекува на почеокот на пандемијата, во најголемиот број на државите првиот бран со правилна амплитуда на зголемување, постигнување врв и спуштање на бројот на позитивни и заболени траеше 2,5 до 3 месеци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јуни, 2020 10:37

ВЕЛО МАРКОВСКИ ЗА МАГАЗИН: Се соочуваме со вештачки продолжен прв бран- вакви бројки требаше да има на почеток на пандемијата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На почетокот мерките беа соодветни, и слични како во најголемиот број на земји околу нас и во светот. Но за жал ние останавме крути во ставовите без да создадеме своја државна стратегија, соодветна со нашите специфики. Ние моравме да создадеме стратегија за справување со КОВИД-19 пандемијата, и да избереме јасен модел, што очекуваме, кога и како ќе излеземе од пандемијава, кои жртви ќе ги имаме, колкав негативен ефект ќе имаме во економијата, и што е најважно како ќе ги менаџираме другите здравствени состојби и болести, за да не дојдеме во состојба кога жртвите од преземените мерки за заштита од КОВИД-19 ќе бидат поголеми од жртвите од самата болест предизвикана од корана вирусот САРС ков-2, вели во интервју за Магазинпроф. д-р Вело Марковски, кој уште од самиот почеток на пандемијата јасно излезе со свои ставови за рестриктивните мерки, често пати спротивни на оние на првиот човек на здравството, министерот Венко Филипче.

  1. Изминатиов период се соочивме со пакет рестриктивни мерки, дел од нив и премногу строги. Сметате ли дека превземените мерки кај нас беа сосема доволни, или пак требаше да се одбере конкретен модел и стратегија за справување со вирусот?

Ние после првиот месец веќе требаше да се соземеме од шокот, да го прифатиме реланото постоење на КОВИД-19, и да избереме модел за најдобар излез од оваа состојба. За жал ние два ипол месеци држевме многу строги рестриктивни мерки, и го држевме бројот на нови позитивни на 20-30 дневно, притоа создавајќи лажна слика и самоуверување дека ние го држиме вирусот под контрола. И навистина, може да се држи ваков број на ново инфицирани/позитивни и долго време, со месеци, можеби и година применувајќи строги мерки, полициски час за цело време, карантински мерки. Во тоа е апсурдноста на избраниот модел на непризнавање на болеста, односно желбата никој да не ни се разболе од КОВИД-19. А што станува со другите болести? Може ли економијата да издржи ваква една состојба. Што се случува со соедите, како тие се справуваат, ќе останеме ли изолирани? И најважното од се, што кога еден ден ќе мораме да ги олабавиме или укинеме мерките. Што ќе се случи тогаш, дали ќе имаме скок на ново заболени/позитивни. Што сме постигнале, сме изгубиле неколку месеци, сме изгубиле околу 6 милјарди евра за три месеци, не сме воделе грижа за другите болести (пред се малигните и хроничните болни), не сме правеле систематски прегледи, не сме излегувале на сонце, психофизичкото здравје на населението сме го нарушиле. При тоа сме ги умориле луѓето од првите борбени линии (лекари, полицајци…)

Значи, да резимирам, мерките си се мерки, но за да ги цениме дали се добри или не треба да ги анализираме од аспект што сме сакаме и што сме постигнале. Ние ниеднаш не кажавме јасно што сакаме да постигнеме, едноставно држевме колку што можевме и очекувавме вирусот природно да се повлече, за жал очигледно е дека не се повлече. Од тој аспект ни требаше и се уште ни треба јасна стратегија и избор на реален модел базиран на економската благосостојба на државата, карактерот, верските навики, информираноста и колективниот дух на населението, капацитетите на здравствениот систем…

Вело Марковски е истакнат инфектолог, професор на Факултетот за медицински науки при универзитетот Гоце Делчев во Штип и поранешен управител на ЈСУ „Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби“ Скопје во периодот од 1999-2002

2. Пред неколку дена министерот за Здравство Венко Филипче изјави дека вториот бран дојде порано од очекуваното, според вас дали ова што го гледаме во моментот, односно зголемувањето на бројот на  заболени кој веќе неколку недели не се намалува е резултат на втор бран?

Мислам дека не се работи за втор бран, за да има втор бран треба да заврши првиот бран. Мислам дека ова е вештачки продолжен прв бран ( со престроги мерки). Всушност вакви бројки требаше да се има/очекува на почетокот на пандемијата, во најголемиот број на државите првиот бран со правилна амплитуда на зголемување, постигнување врв и спуштање на бројот на позитивни и заболени траеше 2,5 до 3 месеци.

3.Речиси три недели сме сведоци на голем број на заболени од Ковид-19, односно трицифрена бројка која не се намалува. Можеше ли да се спречи големиот број на заболени, беше ли можеби потребно воведување на нови рестриктивните мерки ?

Можевме да го спречиме, веројатно, но до кога и прашањето е дали треба по секоја цена да се спречува инфекцијата, имајќи во предвид дека сепак најголемиот број многу лесно ја  поминува инфекцијата со КОВИД-19, и дека не е можно да се спречи во целост вирусна горнореспираторна инфекција која се прнесува со зборување, кивање и кашлање. Таква стратегија на целосно спречување на инфекција се прави кај карантински болести поради висока смртнос (30-70%) или во случајов ако знаеме/знаевме кога точно вирусот (САРС ков-2) ќе го снема.

4.Беше ли прерано донесена одлуката за враќање на животот во нормала со оглед на тоа дека поголемиот дел од рестриктивните мерки беа укинати на крајот на минатиот месец, токму во моментот кога бројот на заболени од Ковид-19 почна да се зголемува?

Ние мора да се навикнеме да живееме со една новонастаната состојба поради појава на мутација на еден безопасен вирус. КОВИД-19 е тука и паничното реагирање без почитување на науката нема да ни помогне за го снема. При тоа секогаш кога има ваква појава на нова болест ( не е прв пат) науката е таа што треба и мора да го најде решението кое нјачесто произлегува од објаснување и разјаснување на патогенетскиот механизам. Во случајов нас не не плашат позитивните, асимптоматските случаи, ниту пак лесните случаи, туку светот го плашат смртните случаи, односно тоа што незнаеме зошто еден мал процент ни влегува во тешка состојба на акутен респираторен дистрес синдром и ни умираат луѓето поради тоа, а современата медицина е немоќна.

5. Животот полека се враќа во нормала, се отворија кафеаните, кафулињата, границите… Совет од вас, како да се функционира во време на пандемија?

Мора и ние да се навикнеме да живееме со КОВИД-19. Само неколку мерки ни се потребни за да контролираме колку новозаразени ќе имаме.. Тоа е затворање на училишта, забрана на јавни собири и носење на заштитни маски за лице во затворени простории во кои се собираат повеќе луѓе. Кај нас евидентно е дека најголемиот број на новоинфицирани (ако не и сите) се поради јавни собири од различен карактер (свадби, родендени, мекици, верски собирања…) Олабавувањето или затегањето на овие мерки мора да биде во тесна корелација со исполнетоста и кондицијата на здравствениот ситем.

Во овој момент кога здравствениот систем е сериозно оптеретен, неопходно е почитување на мерката забрана на јавни собири, и тука мора да бидеме ригорозни се до враќање на кондицијата на здравствениот ситем.

Вчера се отворија и границите а со тоа многумина веќе размислуваат за заминување на годишен одмор, но сепак постои онаа доза на страв.

Проф.доктор Вело Марковски охрабрува и советува дека многу е важно да се врати психофизичката кондиција на населението час поскоро (ако веќе не е доцна). Според него, потребно е што повеќе пливање, сончање, шетање по планини, за да спремни ја дочекаме есента и зимата.

Носењето маска на отворено е штетно, а смешно ќе биде носење на маски за време на пливање и сончање, вели Марковски.

Проф. д-р Вело Марковски има објавено повеќе стручни трудови од областа на респираторните заболувања. Тој уште на самиот почеток на пандемијата беше против престрогите рестриктивни мерки кои беа воведени во нашата држава.

6. Дали е поголем ризик доколку се замине на одмор надвор од границите на државата?

Не гледам разлика во ризик за добивање на инфекција во зависност од регион или држава. Зависи од хигиенодиетеските мерки на поединецот, неговите навики, заштита таму каде што е потребно. Ако човек сам не се штити ниту еден закон, уредба или држава не можат да го заштитат. Но тука се важни мерките што одредена држава ги наметнува (оправдано или не оправдано) и можноста ако се патува некаде да се влезе во некој круг на изолации, карантини што многу може да го изкомпромитира одморот. Од тој аспект е подобро одморот да се споведува во Македонија и да се откријат бројни, бројни убавини и природни но и историски, кои ги имаме а за жал малку си ги знаеме и си ги почитуваме.

8.Вие бевте еден од оние доктори кои даваа доста корисни совети за време на целиот овој корона период, дали добивавте пораки- повици за како да се реагира во даден момент?

Да, голем број на пријатели од социјалните мрежи бараат од мене совети, на некои им одговарам, но понекогаш бројот е преголем и едноставно не можам да постигнам да одговорам, се надевам дека не ми замеруваат поради тоа.

Но во исто време со мене се споделуваат интересни информации, од земјава и светот врзани со КОВИД-19, и некои од нив навистина ми се многу корисни. За жал има и навредливи коментари (кои се малку), но и една појава на организирани, оркестрирани напади.

КОВИД -19 не го измисли ни Вело ни Венко. Тој што ќе ја открие причината за смртноста од САРС ков-2 вирусот ќе добие не една, туку вероjатно три нобелови награди. Наше е со што помали загуби од секаков вид да излеземе како држава. Решението сигурно не е во реферундум или надгласување кој е во право а кој не. Мора да сватиме дека различните приоди во решавање на најголемиот проблем со кој сме се сретнале досега само ќе донесат корист на државата. Моите ставови се должат на совпаѓањето на научното поле во кое долго работам, сигурно не би давал совети и ставови ако не се работеше за вирусна горнореспираторна инфекција, инфекција слична на грипот на кој сум докторирал, и затоа што долги години сум работел исклучиво со респираторни инфекции.

Уште на самиот почеток на пандемијата, многу еминентни епидемиолози тврдеа дека вирусот Ковид-19 ќе се повлече природно со климатските услови. Според вас, дали високите температури ќе влијаат во негово повлекување ?

Вирулнтноста на вирусот во светот е веќе многу намалена. Морам да објаснам дека вирулентноста е различен термин од индекс на контагиозност и од патогеност, способноста еден причинител да направи болест. Овде кај САРС ков-2 вирусот индексот на контагиозност е мал (колку луѓе од 100 ќе се разболат ако престојуваат заедно со некој болен повеќе од 15 минути во затворен простор). Вирулентноста е висока кога еден причинител предизвикува многу големи оштетувања во организмот често пратени со смрт. Вирулентноста на корона вирусот се зголеми со мутација и добивање на САРС ков-2. Во почетокот 15 % од сите дијагностицираи развиваа тешка болест и 5 % критични состојби. Во најголемиот број на државите на крајот на бранот бројот на  тешки и критични случаи е 1-2%. Авирулентни соеви на некој инфективен агенс се користат за вакцинирање, односно предизвикување на лесна форма на болест

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Психологот Бојана Стојменовиќ за Магазин.мк дава совети како квалитетно да го поминете времето дома и како да го победите стравот од целата ситуација.

БОЈАНА СТОЈМЕНОВИЌ ЗА МАГАЗИН: На овој фронт се бориме со сопствената самосвест и самоконтрола!

Ова е период кога низ целиот свет владее страв од новиот Коронавирус (COVID 19). Многу од...

Во разговорот Милошоски открива кои се плановите на неговата матична партија и вели дека не ја исклучува можноста за  да се најде како член на владата, доколку ВМРО- ДПМНЕ победи и формира Влада.

Антонио Милошоски за Магазин: Министрите Димитров и Османи се виновни за фијаското во Брисел!

Пратеникот од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на...

Тој посочи дека овој пат во фокусот на Фчерашни ќе биде корупцијата и ќе се третираат сите проблеми во секојдневното живеење, но сепак најмногу ќе се разобличува корупцијата, како „рана што одамна ни се гледа“.

Огњановски: Овој пат нема да штедиме никого, корупцијата ќе биде во фокусот на Фчерашни

Во интервју за МИА, главниот и одговорен уредник на емисијата Фчерашни новости, Бранко...

Европската Унија не му пристапи на проблемот од аспект на рационалност и праведност, туку се држеше на страната на својата членка Грција, која ја блокираше Македонија

Еклузивно со Маријана Претир: Македонците се силен, самоуверен и горд народ и никој неможе да ги уништи!

Преспанскиот договор е наметнат со странски пристисок, а предвидува комплетно редефинирање...