Како што истакна тој, никој од надвор не може да му наштети на нашиот јазик, затоа што како што вели, јазикот е мајчино млеко.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 мај, 2020 18:50

Венко Андоновски: На јазикот можат да му пресудат само луѓе кои плукнале на мајчиното млеко!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Македонскиот писател и книжевен теоретичар, Венко Андоновски во интервју за „Фокус“ говореше за состојбите во кои се наоѓа нашиот јазик, по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик и денот кога во 1945 година Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

И да се укине со закон еден јазик, останува националната и духовна меморија складирана во секој збор, во секој пишан или запомнет текст на тој јазик. Тоа не треба да не загрижува: јазикот исчезнува дури кога ќе го снема последниот говорник на тој јазик. Се друго може да исчезне и преку ноќ“, додава писателот за Фокус.
Како што истакна тој, никој од надвор не може да му наштети на нашиот јазик, затоа што како што вели, јазикот е мајчино млеко.

Македонскиот јазик се наоѓа во одлична состојба во книгите на писателите, во многу добра до добра состојба кај народот, во доволна состојба по медиумите, во доволна до недоволна состојба кај политичарите, бизнисмените и другите општествени личности. Но, јазикот не е само граматика и правопис. Јазикот е и способност да се мисли светот, во духот на еден јазик, култура и народ. Во таа смисла, нашиот јазик се повеќе, наместо за мислење и изразување автентични чувства, се претвора во алатка за навреда, клевета и дискредитација на различниот. Таа состојба на „филозофијата“ на еден јазик, наспроти граматичката е многу поважна за „здравјето“ на еден јазик. За жал, таа е незадоволителна. И конечно: во таа филозофија се повеќе доминира китењето со туѓо перје – таканаречените интернационализми и посебно англицизми. За среќа, главно се однесуваат на техниката и сочинуваат технички вокабулар“, ни порача Андоновски.

Целиот разговор може да го прочитате ТУКА.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.