Министерот Филипче на новинарско прашање кои трговски центри ќе работат од утре, посочи дека целосно се затворени сите затворени молови, освен маркетите, аптеките и продавниците за храна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2020 14:32

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Граѓаните ќе добиваат бесплатни СМС пораки со известувања за коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес- конференција министерот за здравство Венко Филипче информираше дека граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за состојбата и новонатанатите ситуации со коронавирусот.

– Сите пораки кои ќе ги добијат од телеком мрежите се валдини и известуваат за состојбата и актуелностите за кои сметаме дека ова е добар механизам да се известат граѓаните во врска со корона вирусот, појасни министерот Филипче.

Министерот Филипче на новинарско прашање кои трговски центри ќе работат од утре, посочи дека целосно се затворени сите затворени молови, освен маркетите, аптеките и продавниците за храна.

– Отворените трговски центри, на пример Гратскиот трговски центар, понатаму во Аеродром и Карпош 3 се отворени целосно. Рестораните и сите други продавници кои произведуваат храна, вклучително и рестораните во хотелите, кои нормално работат и припремаат храна, но нема собирање на гости. Може да прават достава, да примаат нарачки по телефон или да вршат директна достава преку некаква форма на штанд или шалтер, изјави Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести