Пред неколку дена министерот соопшти дека заклучно до 23 септември пациентите треба да посетат специјалист за евентуално продолжување на боледувањето, што се пуштени дополнителни термини во Мој Термин и е-амбуланта, а по потреба рокот ќе биде пролонгиран.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 12:19

Венко Филипче: Нема да се вратат сите хронично болни на работа- проценката ќе ја прави специјалист!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување на Алсат Телевизија, министерот за здравство Венко Филипче говореше за враќањето на работа на хронично болните. Тој посочи дека во координација со Комисијата за заштита и заразни болести мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат.

„Не се враќаат сите на работа, туку лекар специјалист проценува кој ќе оди на работа, а кој не. Не само на кого му е влошена болеста, туку и пациент кој е во фаза на болеста и има тип на хронична дијагноза, со таква шифра, а треба да биде заштитен во следните шест месеци. За тоа ние го сменивме правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување. Тоа значи дека ги одделуваме хроничните болни коишто се во рамките на една категорија и имаат иста шифра на болеста. На пример дијагноза миокарден инфаркт на срце. Пациент имал инфаркт на срце пред пет години, човекот е рехабилитиран и сосема нормално ги извршува животните активности. Тој ја носи истата шифра како пациент кој имал инфаркт пред еден месец и треба да биде на боледување и дополнително заштитен. Таа проценка ја прават специјалистите. Значи не е точно дека сите пациенти со хронични болести се враќаат на работа. Се враќаат тие коишто можат да работат согласно проценката на лекарот специјалист“, потенцираше Филипче.

Пред неколку дена министерот соопшти дека заклучно до 23 септември пациентите треба да посетат специјалист за евентуално продолжување на боледувањето, што се пуштени дополнителни термини во Мој Термин и е-амбуланта, а по потреба рокот ќе биде пролонгиран.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести