Основите на поделбата на македонскиот народ

Објавил: admin@magazin | 4 јули, 2018 10:33

Вера, надеж, љубов

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Отсекогаш сум тежнеел на актуелните состојби да гледам од птичја перспектива, со неутрално око. Тоа значи и вестите да ги слушаме почесто со срцето отколку со увото. Во време на страшно силни пропаганди, единствено што останува како релевантен мотив за делување е внатрешното чувство.

Македонскиот народ е поделен. Пукнатината се чини е предимензионирана за нормални хумани релации. Македонскиот народ се наоѓа на два брега, а во подножјето, длабоко надолу, се наоѓа верата која сме ја заборавиле. Едниот брег е надежта, вториот е љубовта. На двата брега стојат верувам искрени срца, луѓе со секојдневни маки и радости, статистички пресек на јавно мислење и наратив спакуван од политичките кујни. Од едниот брег до другиот брег во моментов е невозможно да се премине.

Македонците кои се мотивирани од надежта, дозволиле да се Северномакедонци. Дозволиле нивната сабја да ја носи Катица, а да ја употреби Добрила. Се надеваат во подобра иднина, влез во европското семејство, членство во воениот сојуз на НАТО. Надежта ги тера да мислат на своите поколенија, на своите деца, на својот иден стандард. Надежта во подобро утре ги тера да се откажат од дел од историјата за подобра иднина. На другиот брег се наоѓаат другите, Македонците. Тие љубат. Ги љубат своите предци, ја љубат историјата, ја љубат татковината. Тие биле воспитувани и ќе ги воспитуваат своите деца дека љубовта е најдобрата мотивација за одење низ животот. Спремни да јадат корења за љубовта, или можеби свежа салата од градината во дворот, да пијат квалитетно вино и здрав вргањ, но како Македонци.

А најдолу, многу длабоко, оставена и заборавена е верата. Верата во Бог, верата во слобода можеби, верата во парите, верата во уметноста. Верата е потисната од надежта и љубовта. Се чини никој повеќе не верува. Се живее денот во една чудна бессмисла на постоењето, се живее во страв од ноќта.

А се што е потребно е еден мост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...