За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафие Садики Шакини.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 август, 2020 17:12

Верифицирани мандатите на новите пратеници- Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Фото/Текст извор: ©пресс24

На денешната конститутивна седница во Собранието, присуствуваа 117 од вкупно 120пратеници, со што беше избрана Верфикациската комисија, согласно член 13 од Деловникот на Собранието.  Верификациската комисија му предлага на Собранието да ги верифицира мандатите на избраните пратеници.

За претседател на Комисијата, на предлог на претседателот во претходниот состав Талат Џафери, беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафије Садики Шаини.

– Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, одржани на 15 јули 2020 година, ги спроведоа Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и избирачките одбори. Врз основа на записниците од општинските изборни комисии и записниците од избирачките одбори Државната изборна комисија ги утврди конечните резултати, рече Шахпаска.

За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафие Садики Шакини.

Врз основа на Извештајот на Државната изборна комисија од спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието, Верфикационата комисија констатираше дека нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден од 120-те пратеници.

Собранието ги верифицира мандатите на новоизбраните пратеници во Парламентот. 

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. На оваа седница од 120-те пратеници не присуствуваа само тројца.

Трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

На предвремените парламентарни избори одржани на 15-ти јули, Коалицијата на СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и еден ДПА. Просечната возраст на новоизбраните 120 пратеници е 45 години. Во собраниските клупи ќе седнат 77 пратеници и 43 пратенички.Новиот состав на парламентот може да се смета и за „подновен“ со оглед дека има само 28 пратеници од стариот состав. Пратениците Али Ахмети, Мендух Тачи и Иван Стоилковиќ ќе го почнат седмиот мандат во Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести