Од вчера, верските служби се дозволени во Црна Гора, но под одредени услови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 мај, 2020 10:04

ВЕРНИЦИ СЕ СОБРАА ПРЕД ОСТРОГ И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ЗА СОБИРИ! Полицијата не ги спречи да оддадат почит на моштите на Св. Василије Острошки!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug/Vijesti.me Foto: Profimedia/Ilustracija

Верниците се собраа рано утрово пред манастирот Острог, каде митрополитот црногорско-приморски и  Амфилохије, служи литургија по повод Денот на Свети Василиј од Острог, јави РТЦГ.

Полицијата не ги спречи граѓаните кои се упатија во манастирот Острог да оддадат почит на моштите на свети Василије Острошки.

Од вчера, верските служби се дозволени во Црна Гора, но под одредени услови.

Во верскиот објект може да има едно лице на 10 квадратни метри, додека максимум 20 лица можат да бидат надвор. Забраната за собири е сè уште на сила.

Литургијата на Светиот Архиереј се служи во девет часот .

„Само треба да ги почитуваме сите барања на Националното координативно тело, тоа е итна потреба да се оддалечиме“, рече претходно Амфилохије.

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГИ ЗАПРЕ ГРАЃАНИТЕ

Полицијата не ги спречи граѓаните кои се упатија во манастирот Острог да оддадат почит на моштите на свети Василије Острошки.

Како и претходните години, граѓаните мораа да ги остават своите автомобили во близина на црквата Свети Станко, од каде одеа со манастирски превоз или пеш до Горниот манастир.

Пред црквата, граѓаните чекаа да влезат и да ги бакнат моштите, а редарите на манастирот ги предупредуваа да ја одржат пропишаната физичка дистанца.

Од манастирот, ги замолија граѓаните, кои исто така се наоѓаат надвор од портите на манастирот, да застанат во два реда за да ја задржат пропишаната дистанца.

Чуварите им поделија маски на граѓаните кои немаа маски.

За разлика од претходните години,кога немаше место на платото пред манастирот, годинава се забележува значително помал број граѓани.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.