Таа иронично вели дека ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, мислејќи на тоа дека можеби е подобро да се направат паркчиња и да се посадат дрва.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 ноември, 2019 10:22

Весна Бејби: И така сите ќе умреме, барем вие да си градите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска актерка Весна Бејби Петрушевска по информацијата дека Општина Кисела Вода во Расадник планира да гради 100 нови згради револтирана се огласи на соцјалните мрежи.

Весна Бејби Петрушевска на социјалните мрежи остро реагираше поради одлуката во Расадник да се градат 100 нови згради

Таа иронично вели дека ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, мислејќи на тоа дека можеби е подобро да се направат паркчиња и да се посадат дрва.

Јас предлагам во Кисела Вода (многу убава и зелена општина, таму живеам де) да си градите и ич да не ви чуе! Колку паркови имаме, па дрвја…Просто се удирам од дрвја кога шетам кучиња…Па тоа едни раскошни зелени површини чиниш Швајцарија…

За паркинг да не отварам уста (јас се паркирам и на копно и на вода)…И така сите ќе умреме, барем да си градите.

ДУП МУП сè по список да си терате од Кисела Вода Изворска да направите. Сега не се дишело, туф голема работа. Ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, порача Бејби преку социјалните мрежи.

Инаку бурни реакции имаа и граѓаните откако беше објавено дека општина Кисела Вода планира да гради 100 стамбени згради во единствениот слободен простор во Расадник.

Услов за тоа е да се усвои Деталниот урбанистички план на Општина Кисела Вода, по што на приватни земјишта ќе никнат четикрикатници, шескатници и петнаесткатници, објави ТВ Телма.

Автомобили на тротоарите, градежни работи и малку зеленило е сликата која денеска може да се види во Расадник. Ова ги натерало жителите на скопска Кисела Вода да упатат претставки до општината. Граѓаните велат дека ваквата одлука општинарите ја донеле нетранспарентно, но и дека нема потреба од нови станбени објекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...