Илиевски посочи како е можно фирма медијатор да има кредибилитет да посредува за набавка на вакцини на Македонија од Кина, а не владата на СДСМ.

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 март, 2021 7:15

Весникот „Ла Верита“ е истиот медиум којшто објави за скандалот во СЈО, не би го потценил неговиот кредибилитет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија вели дека никако не смее да се потцени весникот Ла Верита кој што денеска објави нов скандал поврзан со владата на СДСМ околу набавка на кинеските вакцини, бидејќи како што рече токму истиот медиум објавувајќи скандали со поранешното Специјално јавно обвинителство го урна истото.

Ла Верита беше истиот медиум кој што го урна СЈО, така да не би го потценил кредибилитетот кој што го има виз а ви оние работи кои што ги објавија и ова што го прочитав утринава е прилично скандалозно, вели тој.

Илиевски посочи како е можно фирма медијатор да има кредибилитет да посредува за набавка на вакцини на Македонија од Кина, а не владата на СДСМ.

Скандалозно е според мене што досега мислев дека немаме вакцини во Македонија затоа што се елементарно неспособни да ги набават, но од денеска и една имаме и една друга опција како можна а тоа е дека дури и со набавката на вакцини не се калкулира само со оние геополитички мненија на премиерот и на луѓето околу него, каква земја сме биле, во кој сојуз сме членувале, па дали требало да набавуваме вакцини од ваму и таму, туку дека за жал и трагично може и бизнис е во прашање, нагласи тој.

Па добро може не се случило зделка но можеби имало обид да се случи зделка. Јас еве би го поставил како прашање како е возможно преку фирма медијатор, некоја фирма од Хонг Конг која што не ја знаеме, таа фирма да има поголем кредибилитет од влада на една држава. Тогаш дај таа фирма од Хонг Конг нека ни ги води сите други работи, сите други ресори ако е поспособна од влада на една суверена држава да набави вакцини. Значи тука е првиот црв на сомнеж, вели Илиевски.

Во однос на набавката, Илиевски изјави дека според она што го слушнал е дека за доза од 200.000 кинески вакцини се планирало да се исплатат над 12 милиони евра или поделено по 60 долари за доза, а како што нагласи тој од она што го пребарал по интернет за поголема набавка на вакцини од Синофарм вакцините чинеле 30 долари.

Уште една работа што ја слушнав е дека се работи за договор од околу над 12 милиони евра, ако имаме предвид дека првично ќе набавиме 200.000 вакцини од Синофарм или 12 милиони поделено со 200.000 околу 60 долари по доза. И по едно мало пребарување на интернет од неколку извори најдов дека во поголеми дози набавени вакцините чинат 30 долари од Синофарм и тука ми се јавува сомнежот и не сакам да верувам но во Македонија мораш да си спремен да веруваш во се дека некој сакал дупло повеќе да ги набави кинеските вакцини и затоа се наоѓани и измислени некакви фирми од Хонг Конг, изјави Илиевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...