Во јануари група љубители на животни од Охрид изработија куќички за бездомни кучиња, поставени на повеќе локации се со цел да им се помогне на беспомошните животни кои немаат засолниште.

Објавил: admin@magazin | 2 март, 2019 21:58

Ветеринарната амбуланта „Тони“ ќе ги стерилизира и кастрира бездомните кучиња во Охрид

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ветеринарната амбуланта „Тони“ од Охрид, победи на јавно наддавање на тендерот за ветеринарни услуги, што го распиша општина Охрид. Оваа ветеринарна амбуланта ќе се грижи за бездомните кучиња во стационарот кај Мауцкер, со кој ќе стопанисува ЈП „Охридски Комуналец“.

Веднаш по изборот на ветеринар ќе започне заловувањето на бездомните кучиња и нивен понатамошен третман рече директорот на јавното комунално претпријатие Љупчо Грданоски.

Нормите од законите предвидуваат заловување, стерилизација или кастрирање на бездомните кучиња и нивно враќање на местото каде биле заловени.

-Тоа значи дека законското решение е на долг рок. Граѓаните да не очекуваат дека ќе нема кучиња на улиците и дека овој проблем ќе биде решен брзо. – изјави неодамна Грданоски.

Од ЈП Охридски Комуналец најавија дека стационарот со капацитет за третман на 30 кучиња дневно е изграден.

Од ЈП Охридски Комуналец претходниот месец изјави дека стационарот со капацитет за третман на 30 кучиња дневно е изграден, се чека уште на дозволата за работа што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство, набавени се и две возила за транспорт а вработен е и еден шинтер.

До АХВ  е испратено барање од наша страна така што веруваме дека веднаш откако ќе ја добиеме дозволата ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот. Проблемот е дотоколку поголем што во неколку наврати добиваме дојави од правни и физички лица дека со возила од други градови се носат десетици кучиња, рече Грданоски директорот на јавното комунално претпријатие.

Во јануари група љубители на животни од Охрид изработија куќички за бездомни кучиња, поставени на повеќе локации се со цел да им се помогне на беспомошните животни кои немаат засолниште во студените зимски денови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...