Српските медиуми пишуваат дека ветрот корнел дрвја и ќерамиди од покривите, а еден човек во Крушевац е повреден кога му паднала ќерамида на глава.

Објавил: Весна Петровска | 3 август, 2019 20:47

Ветер од 145 километри на час: Невреме какво што никој не памети – по Србија и Хрватска, невреме и во Македонија веднаш по африканскиот бран

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

По пеколното време во Македонија, метеролозите најавуваат силно невреме но со помал интензитет како во Србија и Хрватска.

Вчера попладне централните делови на Србија беа зафатени од незапаметено невреме со град, дожд и силен ветар. Има и повредени лица.

Српските медиуми пишуваат дека ветрот корнел дрвја и ќерамиди од покривите, а еден човек во Крушевац е повреден кога му паднала ќерамида на глава.

Ветрот бил толку силен што од корен корнел не само млади, туку и постари голeми дрвја. Направена е и штета на возилата, врз кои паѓале дрвја. Штета има и на земјоделските култури, особено во деловите каде паѓал град со големина на топче за голф.

Голема штета претрпеа и учесниците на Четвртиот меѓународен балон-фестивал, кој требаше да започне во Багдала, во Крушевац во 18 часот, а поради невремето, концерт на групата Хари Мата Хари бил одложен.

Според метеоролошката станица, ветерот дувал со брзина од 32 метри во секунда, или 115 километри на час, а за 40 минути, во областа на Крушевац нацврнале 50 литри дожд на метар квадратен.

Посилно невреме имаше и во Хрватска каде ветерот достигнал неверојатни 145 киломтери на час. Искоренети дрвја, автомобили превртени, реки на улиците, ваква вчерашната слика по големото нревеме во Хрватска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.