Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Објавил: Мартин Попоски | 20 февруари, 2020 7:38

ВЕТРОВИ И ДОЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: Ова е временската прогноза за земјава!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов ќе имаме претежно облачно и свежо време, ќе има и повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во текот на претпладневно и околу пладне.

На повисоките и на планинските места ќе има повремени врнежи од снег, сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Потоа од утре па во следните неколку денови следува период на претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во сабота повторно и тоа особено долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет.
Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, на повисоките и планинските места ќе биде постудено. Максималните дневни температури пак од недела повторно ќе бележат тенденција на пораст.

Истите на многу места ќе се искачуваат над 10 степени, во најтоплите предели се очекува максималните температури да се искачат и до околу 20 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...