Фејсбук статус на ветеранот на ВМРО ДПМНЕ

Објавил: Стефан Каневче | 10 април, 2019 0:02

Вецко Здравески: ВМРО е судбина и иднина за Татковината

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ Вецко Здравески на својот фејсбук профил напиша дека ВМРО е судбина и иднина за Татковината. Прочитајте го целиот статус на Здравевски: 

 

Во минатото, во историјата, во ВМРО членувале, раководеле, работеле и левоориентирани и десноориентирани, во ВМРО имало и реформатори и конзервативци и радикали. Во денешново ново време во ВМРО има и лево и десно ориентирани и демохристијани и реформатори, ама најново има и бојкотирачи. На 21.04.2019 година, членовите, симпатизерите и бојкотирачите на ВМРО и останатите граѓани на нашата држава, треба да одлучат да гласаат за еден левоориентиран кандидат за претседател на Македонија, подржан од ВМРО, па затоа постои политичко, демократско незадоволство или задоволство, постои демократско негодување или противење, дали да се гласа или да се бојкотира за претседател на нашата држава. Но демократски може и масовно да се излези и да се гласа за левоориентираниот кандидат подржан од ВМРО и други политички партии и здруженија. Политичкиот разум треба да победи за доброто на сите во државата. На овие претседателски избори, треба да се донеси правилна историска одлука од страна на сите граѓани во нашата Татковина. Сите тие левоориентирани и десноориентирани и реформатори и демохристијани и конзервативци и бојкотирачи, треба да знаат дека ВМРО е судбина! ВМРО е иднина! ВМРО одсекогаш се борело за доброто на народот и државата, заклетвата на ВМРО била Татковината, а ВМРО било Македонија. На овие претседателски избори, ВМРО заедно со останатите граѓани, леви, десни, реформатори, конзервативци, бојкотирачи ќе одлучат за судбината и иднината на нашата држава, граѓаните се тие што ќе одлучат дали ќе изгрее зората на слободата во Македонија. Затоа со победа на левоориентираниот кандидат за претседател, подржан од ВМРО, ќе излезе на виделина и десноориентираниот кандидат за премиер на новата влада во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...