Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора.

Објавил: Перо Милчин | 13 јануари, 2019 20:25

Вечерва е дочек на Стара нова година

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вечерва православните христијани ќе ја пречекаат Православната нова година, која започнува утре на Василица.

Луѓето кои го носат името на Свети Василиј Велики во текот на утрешниот ден ќе го слават својот именден. На домашната трпеза се крши погача со паричка. На оној член од семејството што ќе му падне, годината ќе му биде среќна радосна и бериќетна.


Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година.

По повод православната Нова година и празникот Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, овие празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани