Во петок, 20 септември, ќе уживаме во настапите на: Кентаур, Аре Брадрс, Џамбо Агушеви Оркестар и најпрепознатливата комбинација Нокаут и Игор Џамбазов.

Објавил: admin@magazin | 20 септември, 2019 20:57

ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА ШТИПСКАТА ПАСТРМАЛИЈАДА: Во сабота ЦЕЦА ќе грми во Штип!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва по тринаесетти пат започнува Штипска пастрмалијада. 

Вечерва во 20.30 часот манифестацијата официјално ја отвори градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Штипска пастрмалијада!

Од 20 до 22 септември ве очекуваме на уште еден незаборавен викенд во Штип.

По тринаесетти пат –Штипска пастрмалијада. Од 20 до 22 септември ве очекуваме на уште еден незаборавен викенд во Штип.

Вечерва, 20 септември, ќе уживаме во настапите на: Кентаур, Аре Брадрс, Џамбо Агушеви Оркестар и најпрепознатливата комбинација Нокаут и Игор Џамбазов.

Во сабота, 21 септември, забавата ја носат: Мартинијан Кириловски, Антониа Гиговска и најголемата балканска дива ЦЕЦА.

Фестивалскиот викенд го затвораме во недела, 22 септември со концертите на No End, Викторија Лоба, Тропико Бенд и ѕвездата за сите генерации Данијела Мартиновиќ.

Се гледаме во Штип на највкусна пастрмалија и забава со врвни изведувачи, стои во соопштението на Фејсбук страницата.

Градоначалникот Бочварски денеска изјави дека доколку граѓаните сакаат да се промени концептот на „Патрамајлијадата”, своето мислење ќе го изнесат на јавната расправа, којашто ќе се случи по вечерашниот настан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани