Третпат по ред сме тука. Не сме фаворити туку играме против најголемиот фаворит на годинешниот „Ф4“ – Барселона, изјави Стојанче Стоилов.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 јуни, 2019 16:27

Вечерва од 18 часот да навиваме за ВАРДАР- ќе ги измери силите со БАРСЕЛОНА во КЕЛН !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва во 18 часот ќе се сретне со фаворитот Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн.

Ракометниот клуб „Вардар“ е основан во 1961 година, како дел од спортското друштво „Вардар“ и во тоа време редовно настапувал во ракометната лига на Македонија и во Втората југословенска лига.

За Македонскиот ракометен шампион Вардар, вечерва ова е трето учество по ред на „Ф4“ турнирите во Лигата на шампионите, нешто што не му успеало на ниту еден тим во цела Европа.

Игор Карачиќ, кој настапи за Вардар, на сите досегашни „Ф4“ настапи, се сети на шампионската сезона кога беа совладани Каталонците во полуфиналето.

Сето ова ме потсетува на 2017 година. Дојдовме во Келн без притисок, сакаме на сите да им ги замрсиме сметките. Тоа ни успеа пред две години. Лани дојдовме освојувачки и имавме премногу притисок. Се радувам на овој Ф4. Немаме што да загубиме. Играме според мене против најдобриот тим не само во Европа туку и во светот. Сепак, годинава Вардар покажа дека има карактер и срце и дека се враќа од тешки ситуации. Ќе дадеме сè од себе за да ја совладаме Барселона. Секој има 25 проценти шанса за титулата. Ќе дадеме се од себе за да дојдеме до успех, вели Игор Карачиќ.

За капитенот Стојанче Стоилов фаворит е Барселона.

Третпат по ред сме тука. Не сме фаворити туку играме против најголемиот фаворит на годинешниот „Ф4“ – Барселона. Овој тим имаше одлична сезона. Сепак, тука во Келн годинава сите имаат свои шанси. Се работи за еден натпревар, никој не може да знае како ќе отвориме и сè може да се случи на терен, вели Стојанче Стоилов.

Најголемите успеси, клубот ги постигнал по осамостојувањето на Македонија, кога започнал напредокот на клубот. Во 1997 година започнале најголемите успеси на РК „Вардар“, кој е првиот клуб што успеал да ја прекине доминацијата на РК „Пелистер“ од Битола во македонската ракометна лига.

РК „Вардар“ е убедливо најтрофејниот машки ракометен клуб во Македонија, со освоени бројни трофеи во првенството и во купот. Во сезоната 2013/2014, клубот добил нова раководна структура: Нов сопственик на клубот станал Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски станал почесен претседател.

Како признание на остварените успеси, во 2016 година „Вардар“ ја добил наградата „13 Ноември“ која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...