На програмата се дела на Јохан Себастијан Бах, Фернандо Сор, Абел Карлеваро и Мануел Понсе

Објавил: admin@magazin | 13 август, 2018 8:32

Вечер со гитарата на Дрилон Чочај во „Света Софија“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма, со соло концертот на косовскиот гитарист Дрилон Чочај во катедралната црква „Света Софија“.

Дрилон Чочај со гитарата се запознава на седумгодишна возраст во кругот на семејството. Подоцна се запишува во музичкото училиште „Лоренц Антони“ во Призрен, а во 2004 година ги запишува своите додипломски студии на Академијата за уметност во Приштина, во класата на познатиот професор Џевдет Сахатџија. Под негово менторство Чочај ги завршува и постдипломските студии.

Дрилон Чочај во моментов работи како асистент на Факултетот за уметност во Приштина, професор во музичкото училиште „Пренк Јакова“ исто така во Приштина, и во музичкото училиште „ Misbah & Friends“. Неговите студенти и ученици многупати се наградувани на интернационални натпревари. Значајни се и неговите мајсторски курсеви кои ги одржува во Косово, Албанија и Шведска.
Во својата биографија Чочај запишува победа на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Арс Косово“ во Приштина, бројни солистички и камерни концерти во Косово, но и во Албанија, Шведска, Црна Гора, Германија, потоа учество на разновидни фестивали, како „Звуците на гитарата“ во Тирана, „Дам Фест“ и „Ре Музика“ во Приштина, познатиот фестивал „Шопен“ во Полска, Летниот фестивал во Улцињ и др. Често може да се сретне и како член на жирито на натпреварите: „Ехат Муса“ во Пеќ, „Арс Косово“ во Приштина, како и на некои натпревари по гитара во Тиват, Црна Гора.

На програмата се дела на Јохан Себастијан Бах, Фернандо Сор, Абел Карлеваро и Мануел Понсе.

Почетокот на концертот е во стандардниот термин од 21 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...