Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје.

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2020 11:32

ВЕЧЕР ЌЕ СВЕТНЕ НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВЕЧЕР ЌЕ СВЕТНЕ НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“!

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје.

Поради пандемијата од корона вирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично.

Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.

На плоштадот „Македонија“ вечер ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.