Според она што беше објавено во српските медиуми некаде околу 16:20 часот во Титл по кратка расправија наводно дошло до физички напад помеѓу Вељко Ражнатовиќ и К.С (36).

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јуни, 2020 10:46

Вељко Ражнатовиќ предизвкал тепачка во Нови Сад- семејството молчи за инцидентот!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Српските медиуми вчера беа преплавени од веста дека новопечениот татко Вељко Ражнатовиќ  наводно бил приведен и сослушан во полиција поради инцидент кој го предизвикал во Титл.

Според она што беше објавено во српските медиуми некаде околу 16:20 часот во Титл по кратка расправија наводно дошло до физички напад помеѓу Вељко Ражнатовиќ и К.С (36).

Како што беше објавено, на инцидентот наводно и претходела расправија помеѓу група млади и Вељко Ражнатовиќ.

Група од четири млади лица во алкохолизирана состојба дошле пред домот на неговата сопруга во Титл каде бил Вељко Ражнатовиќ и потоа започнала прво расправијата, па физичката пресметка со едно од младите лица.

За оваа случка се уште никој ништо не потврдил ниту одрекол од семејството Ражнатовиќ, но со оглед ан тоа што неговата сестра Анастасија која вчера вечер со своите фанови вчера сподели видео на кое се гледа како е на прошетка во Нови Сад каде живее со своето момче. По она што може да се види на нејзиното лице, а тоа е  широка насмевка може да се каже дека во нивниот дом не се случува ништо невообичаено освен доаѓањето на новиот член во домот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.