Над половина од граѓаните немаат доверба ни во СЈО и Катица Јанева но и Обвинителството, граѓаните како проблеми ги посочуваат сиромаштијата, невработеноста и загаденоста

Објавил: Мартин Попоски | 4 декември, 2018 6:29

Веќе никој не им верува на Јанева и СЈО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Мнозинството граѓани немаат доверба во обвинителството и судскиот систем, во истражувањето опфатени СЈО и Катица Јанева.

Во нив не веруваат 61% од граѓаните, а довербата ја губи и СЈО, во кое недоверба искажале 53.5 проценти од граѓаните. Ваквиот тренд на недоверба во правосудниот систем го покажа новата анкета на Телма и МЦМС спроведена од М-Проспект на репрезентативен примерок од 1.014 испитаици во период од 11 до 16 ноември.

Истражувањето на јавното мислење покажа дека 61% од испитаниците немаат доверба во обвинителството, наспроти 32.7 отсто кои имаат. Недовербата во судството е речиси на исто ниво со недовербата во обвинителството. Мнозинство од 61.4% од граѓаните немаат доверба во судскиот систем, додека 33.3 отсто се уште му веруваат.

Анкетата покажа и промена на расположението на граѓаните кон СЈО. Институцијата која од формирањето беше на врвот и можеби една од институциите со најголема доверба досега, сега доби недовeрба од 53.5 проценти од испитаниците, наспроти 41 процент кои и дадоа доверба.

Довeрабата во овие институции гледано по партиска линија покажа пак големи разликите во ставовите. Големо мнозинство од 84.2 проценти од приврзаници на ВМРО – ДПМНЕ немаат доверба во Јавното обвинителство, наспротио 62.5 отсто од приврзаниците на СДСМ кои имаат доверба во Обвинителството.

И во контекст на СЈО големи се разликите на довербата според партиска приврзаност. Мнозинството од ВМРО – ДПМНЕ 83.8 % немаат доверба во специјалното обвинителство, додека во СЈО доверба имаат 74.5% од приврзаниците на СДСМ.

Анектата освен расположението кон правосудниот систем го опфати и прашањето кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните.

На прво место за нив е сиромаштијата со 36.2 проценти, по што следи невработеноста со 27.6, а на трето место е криминалот со 10.2 проценти.

Загадувањето е најголем проблем за 7.3 отсто од граѓаните, додека 75 проценти сметаат дека Владата и другите институции не преземаат доволно мерки за решавање на проблемот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести