На социјалните мрежи револт: "Адеми, те боли вистината, да не беа терористите на ОНА и нивните убиства на македонските бранители, ти никогаш немаше да биде министер"

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 8:12

Виган Максути за УЧК-а, не е говор на омраза, Заев?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Манифестираната селективна меморија на премиерот Заев, збирно со директорот на агенцијата за филм Тозија и министерот Адеми, дебело им се одбива од глава од културната фела во Македонија.

Имено не беше далечна историја ни февруари 2018-та година кога Виган Максути, претставен како албанскиот талент од Тетово, кој со сигурни чекори оди кон успех.

Тогаш за Максути министерот Алаѓозовски додели и финансии а ДУИ, политичкото крило на ОНА не виде говор на омраза, па кажаа: Тој е ветувачки талент, нова ѕвезда која почнува да свети.

Виган Максути беше редовен гостин на настани на УЧК-а и ОНА, претставен како детето кое пее “патриотски” песни, секогаш носејќи го гордо симболот на терористичката УЧК-а, настани за кои плаќаше министерството за култура на Македонија.

За Максути знаевме дека пее од 2013 година како 7 годишен ученик кога учествува на детскиот фестивал “Блејат”, каде што ја освоил третата награда со песната “Мојата баба”.

Во 2014 година за него е направен првиот видео запис  во замокот Селра, за песната со наслов “Гулаб на слободата”. Во 2015 година, ја освои втората награда на Детскиот фестивал со песната “Со песни што ќе кажам”.

За него има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден ваков запис, во кој малиот Виган е облечен во маскирна униформа на УЧК-а и пее песна каде се величи делото на командантот на некогаш паравоена УЧК-а Исмет Јашари Куманова.

За овој потфат на величање на терорист Максути преку Здружението Виган за проектот што го носи истоимениот наслов како песната ,,Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала решила да им додели повеќе 300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното.

Според ова што може да се види, проектот за кој се доделени државни пари е од областа на камерната музика.

Но, Виган од Тетово има добиено субвенција по уште една основа, солистички концерт и тоа сума од 480.000 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...