Ги презирам сите оние кои се продале за функција или ситна пара( а нема таква крупна која би можела д го завземе местото на честа на еден Човек).

Објавил: Македонка Димкин | 9 февруари, 2019 22:30

Виденовиќ: Кога не преименуваа немаше ваква реакција, како сега за парите од културата

Фото/Текст извор: ©фејсбук / магазин.мк

Најчесто постирам моја поезија која сепак е крик од мојата душа. Да, коментирам и политизирам со познаници и пријатели за минатата и моменталната ситуција. Ги презирам сите оние кои се продале за функција или ситна пара( а нема таква крупна која би можела д го завземе местото на честа на еден Човек).

Се јадосувам и за жал инспириран сум и од такви кои и она малку душа кое го имале го продале за ситно. И како ги нижам годиниве, осознавам дека нема спас од ваквите секојдневија, нив ги имало и ќе ги има, исто како и учесниците во нив… вакви, такви и онакви.

И со годините се помалку и помалку сум изненаден од сите вакви ситуации, од луѓе/нелуѓе, сѐ повеќе верувам во себе и во малкумина, отколку во повеќемина, сѐ повеќе се надевам за некоја безнадежна ситуација и сѐ повеќе и повеќе станувам буден сонувач.


Марко Виденовиќ е поет од Скопје а по професија акадамески музичар. Во октомври мината година тој ја издаде неговата збирка од поезија насловена ПЛАТНО ОД ШЕПОТ

И не ми е толку чудна ситуацијава со валканите пари за нашата жална култура, бидејќи и да дадеа колку што се побарало, пак ќе беше мизерно и пак некои ќе го собереа пленот без да го оправдаат,но пожално ми е што кога не преименуваа немаше ваква реакција.

Значи се потврдува дека кај нас на ова мало парче земја, не боли кога ќе ти чепнат во душава, така како што боли кога ќе ти брцнат во џебот.


На крај, верувам дека има барем малкумина, кои и без пари ќе творат, ќе пишуваат и ќе изведуваат музика, ќе издаваат книги, ќе цртаат и вајаат…впрочем како и до сега.

Верувам во вистинските напиша пеотот и музичар Марко Виденовиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...