Видеото покажува како сопственикот на возилото од Јапонија стиска на гаста до крај за да го провери забрзувањето.

Објавил: Перо Милчин | 9 јуни, 2019 17:09

(ВИДЕО)Естонец си ја сними сопствената несреќа со 260 км/ч!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Возач од Естонија со мобилен телефон, ја сними несреќата со својот автомобил.

Со својот мобилен телефон возач од Естонија, го снимил моментот како со својот Lexus LS460 се движи со брзина од 260 км/ч и тоа во моментите кога ја губи контролата над својот автомобил.

За среќа и големо чудо возачот поминал без посериозни проблеми и последици.
Вознемирувачкото видео покажува како сопственикот на возилото од Јапонија стиска на гаста до крај за да го провери забрзувањето.

Веќе после шест секунди од стартувањето, автомобилот се движи со 100 км/ч и продолжува да го управува до над 250 км/ч. Точно во тоа време возачот ја губи контролата.

Тој се обидува да го контролира воланот, но за жал веќе е предоцна.

Автомобилот се лизга околу осум секунди, а потоа се превртува на кров на тревата. После несреќата возачот не изгледа премногу шокиран од ситуацијата и веднаш се наведнува да го крене телефонот за да провери дали уште снима.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести