Неодамна Ѓоковиќ доби покана да ја посети Македонија, а Ѓоковиќ кажа дека мора да го посети Охрид.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јули, 2019 23:19

(видео)ЗЛАТНО СРЦЕ: Ѓоковиќ ја прифати поканата од Македонците-“Доаѓам во Македонија и Охрид”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Српскиот ас и најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ вечерва успеа да го освои петтиот трофеј на Вимблдон, откако со 3-2 во сетови го победи Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.

Новак Ѓоковиќ веднаш после победата над Роџер Федерер, одржа прес конференција за новинарите и даде одговор на едно прашање поврзано за Македонија.

Ѓоковиќ доби покана од Македонците и лично од премиерот Заев да ја посети Македонија, посебно градот Охрид.

„Поздрав до Македонија, до Скопје. Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот, тој беше учесник на забавата кога пеевме. Ќе видиме како ќе биде, но можеби повторно ќе запееме некоја балада. Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не можам да кажам кога ќе дојдам. Сепак, сигурно ќе ја посетам Македонија затоа што морам да го видам Охрид“, изјави Србинот.
Одговорот на Новак дека ќе ја посети Македонија може да го погледнете на 16.30 од видеото.

Светскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ минатата недела ја поздрави Македонија во видео обраќање на својот профил на „Инстаграм“.
Во еден дел од видеото, Ѓоковиќ синоќа ја запеа „Македонско девојче“ и побара од фановите да му испратат фотографии од Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести