Сега битката се води дали нелегалните активности за затворање на ВМРО ќе ги легализираме или не – изјави Николоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јуни, 2019 21:21

(ВИДЕО)Николовски:”Актуелната влада не е способна да отпочне преговори со Европската Унија„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за телевизија Алсат М, рече дека ВМРО ДПМНЕ е подготвена за договор со власта околу Законот за Обвинителство, но бара владата да прифати дел од нивните барања.

Во интервју за телевизијата Алсат М, Николоски изјави дека власта се обидува да го забрани ВМРО ДПМНЕ со закон, нешто што за опозицијата е неприфатливо.

Николовски изјави дека актуелната влада не е способна да отпочне преговори со Европската Унија. Коментирајќи ја идејата за измените во Изборниот законик, Николовска вели дека за нив е прифатливо а има 120 изборни единици по модел на САД и Велика Британија.

-Не можеме да дозволиме рокот што го има пробиено Специјалното јавно обвинителство, а тоа е 18 месеци од примањето на материјалите, и законските дејствија што ги презеле после овој рок да бидат легализирани. Со тоа не можеме да се согласиме.

Тоа не значи, како што вели власта, амнестија за криминалот, затоа што ако некој сторил било какво кривично дело, има обвинителство што може да го гони. Тоа е прво. И второ, единствен случај, и тоа е политичката мотивација на СДСМ, што е отворен после рокот, е случајот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, каде целта е да се забрани нашата политичка партија со судска одлука. Сега битката се води дали нелегалните активности за затворање на ВМРО ќе ги легализираме или не – изјави тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.