Телма објави снимка од апсењето.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 август, 2019 16:10

(видео)ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД АПСЕЊЕТО НА КАТИЦА ЈАНЕВА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

По наредба на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, уапсена е специјалната обвинителка Катица Јанева.

Јанева е уапсена во нејзиниот дом, а според неофицијални информации во моментов се врши претрес во просториите на СЈО.

Јанева неофицијално е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Откако вчера Јанева беше на распит, денеска беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, по налог на обвинителката Вилма Русковска.

Некои од медиумите објавија дека е во тек и операција за приведување на други лица во врска на предметот „Рекет“.

Телма објави снимка од апсењето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.