Тамара и целиот авторски и сценски тим се заблагодарија за поддршката и ги пренесоа силните впечатоци и возбудувања од нивниот настап на Евросонг 2019.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2019 9:54

(ВИДЕО)Премиерот Заев им врачи плакета на Тамара и тимот кој настапи на Евровизија во Израел!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев ја прими Тамара Тодевска, и авторскиот тим на Македонија што оваа година настапи на изборот на Песна на Евровизијата – Евросонг 2019.

Премиерот Заев ѝ се заблагодари на Тамара Тодевска и на целата нејзина екипа за гордоста и успехот што им го приредија на граѓаните со настапот со песната „Горда“ (Proud).

Премиерот Заев на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на нај популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud).

Тој изјави дека истакна дека Тамара и тимот на Македонија на Евросонг 2019 станаа херои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за остварување на своите права.

Тодевска и целиот авторски и сценски тим се заблагодарија за поддршката и ги пренесоа силните впечатоци од нивниот настап на Евросонг 2019.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.