Националниот центар за спасување на море примил околу 130 пријави за заглавени бродови, а дојавите во најголем број биле од лица кои се наоѓале на тие пловни објекти или од очевидци

Објавил: admin@magazin | 3 август, 2019 10:52

(видео)СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Уништени автомобили, куќи и откорнати дрвја!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Страшно невреме кое беше проследено со дожд и ветар со јачина од 148 километри на час вчера во доцните часови, ги погоди сплитското подрачје и Далмација, информираат хрватските медиуми.

Од јачината на ветерот неколку дрвја биле откорнати, но како што пишуваат хрватските медиуми нема повредени или жртви.

Националниот центар за спасување на море примил околу 130 пријави за заглавени бродови, а дојавите во најголем број биле од лица кои се наоѓале на тие пловни објекти или од очевидци.

Минатиот месец исто така Хрватска ја зафати невреме проследено со поројни дождови и град, а три лица биле повредени.

Најпогодено беше подрачјето на Вуковарско-сремската жупанија каде паѓал град со големина на орев, а некаде и со големина на јајце. Имало и откорнати дрвја, како и урнат покрив на едно основно училиште.
Две жени беа полесно повредени од удар на гром, а еден маж паднал од покрив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести