И да има народот место каде да стои да гледа. И во црква претходно повикав наутро и попладнето, го повикав народот само свештенството да иде.

Објавил: Владо Марин | 8 мај, 2020 20:11

(ВИДЕО)Тимотеј: Што ми е гајле за реакциите, јас не сум таму полицаец да изигравам

Фото/Текст извор: ©Telma Magazin

Владиката Тимотеј во изјава за тв Телма во врска со вчерашното скандалозно шетање на литиите низ улиците на Струга на кое, според МВР, имало околу 300 верници, отфрли дека црквата има вина во овој настан.

„Што друго, јас не сум таму полицаец да изигравам. Ние се што можевме, организиравме за да се запазат мерките. Службата што ја организираме внатре, ја направивме надвор.

И да има народот место каде да стои да гледа. И во црква претходно повикав наутро и попладнето, го повикав народот само свештенството да иде.
Меѓутоа, јас не сум некој што може да му забрани некому да оди по улица. Тоа не е должност на црква“, рече владиката Тимотеј.

Прашан како ги коментира жестоките реакции во јавноста за вчерашниот скандал во Струга владиката изјави:

„Што ми е гајле за реакциите. Што да правам јас. Да се извинувам на некого треба? Затоа што сум направил редовна богослужба, која традиционално се одржува со векови“, изјави владиката на МПЦ-ОА, Тимотеј во чија епархија е и Струга.

Струшкото обвинителство отвори предмет по допрен глас за вчерашната литија. Со верските поглавари на МПЦ-ОА и на ИВЗ претпладнето разговарал претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче со замолница двајцата поглавари да се заложат верниците да ги почитуваат вонредните мерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани