Јас сум премногу ангажиpaна затоа не ја држам редовно под контpoла, инаку она без мене не може ништо – му вели специјалната обвинителкa Катица Јанева на бизнисменот Орце Камчев

Објавил: Перо Милчин | 29 август, 2019 21:54

(видео)ЈАНЕВА ВО НОВАТА БОМБА НА ЛА ВЕРИТА: “Лиле Стефанова без мене не може ништо„

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Италијанскиот весник „Ла верита“ пред неколку денови го објави и третото продолжение од аудио- видео снимката за случајот „Рекет“, во кое јасно и гласно се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица.

За првпат на ова видео се слуша дека Боки Тредичи преговара и за „услуги“ и за Жарко ( Луковски ) и Дејан ( Панделески – Пелистерка )
На оваа снимка Јовановски и Камчев разговараат околу процедурата за ослободување од притвор, но и за водењето на постапката за предметот ,,Империја“ од страна на СЈО.

Јас сум премногу ангажиpaна затоа не ја држам редовно под контpoла, инаку она без мене не може ништо – му вели специјалната обвинителкa Катица Јанева на бизнисменот Орце Камчев, во третото видео објавено пред неколку денови во италијанскиот медуим Ла Верита.

Јанева зборува за обвинителкaта Лиле Стефанова, од која, како што објаснува Бојан Јовановски, Орце се плaши.

Потоа Орце Камчев му се јавува на Бојан Јовановски и му вели дека на луѓе им пристигнал допис од Катица Јанева, меѓу кои и на братот на неговата сопруга, на што Бојан Јовановски, кој е во друштво со Катица Јанева објаснува дека тие се повикано како свeдоци, за да има малку активности во април.

ВЈ: Утре се гледам со него
ЈК: Со Дејан?
БЈ: Не
ЈК: Со Жаре?
БЈ: Со Зоки
ЈК: Со Зоки?
БЈ: Со Заев
ЈК: Мислам дека он нема да праи проблеми, но ти ќе си збориш и ќе ми кажеш
БЈ: Знам што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, работи кои никој не ги знае
ЈК: Ок шефе
БЈ: Ќе ме испратиш до врата?
ЈК: Апсолутно

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес. *Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.