Дали фунцкионери на СДСМ го злоупотребиле своето влијание за сопствени интерси ?

Објавил: Узунов Бобан | 20 мај, 2019 15:58

(видео) Адвокатското друштво на пратеничката од СДСМ Снежана Калеска-Ванчева наплатила илјадници евра од државни компании

Фото/Текст извор: ©магазин

Во видео објавено на youtube каналот на порталот а1он.мк, наведени се листа на адвокати блиски до власта кои наплатиле илјадници евра од државни компании и јавни претпријатија. Дали во овие случаи има судир на интереси и тргување со влијание е прашање на кое треба да одговорат институциите пред се Антикорупциска комисија. 

На официјалната страна на адвокатското друштво Делеге, сеуште како адвокат фигурира името на пратеничата Снежана Калеска-Валчева.

Адвокатското друштво Делеге во сопственост на актуелната пратеничка од СДСМ Снежана Калеска-Ванчева наплатило илјадници евра од државни компании и јавни претпријатија. Така ова адвокатско друштво од Агенцијата за странски инвестции во 2017 година наплатило 4.000 евра за адвокатски услуги, а од скопски ЈП “Водовод и Канализација” добило 48.000 евра, што значи 52.000 евра пари на граѓаните како даночни обврзници завршиле на сметка на адвокатското друштво на пратеничата од СДСМ Снежана Калеска-Ванчева.


Дилемата која ја поставува јавноста е дали Снежана Калеска-Ванчева како пратеник ја извршува својата надлежност да го контролира работењето на извршната власт ? Таа по дефиниција има надлежност да го контролира работењето на Агенцијата за странски инвестиции како дел од извршната власт и како таа би постапила кога Собранието би го испитува работењето на директорот на Агенцијата за странски инвестиции од каде нејзиното адвокатско друштво прима надоместок за адвокатски услуги ?! 


И адвокатите блиски до фунцкионери на ДУИ не останале покуси во наплатата на пари од државниот буџет. Така адвокатот Мефиљ Арслани познат во јавноста како адвокат на Ејуп Алими кој е обвинет од страна на СЈО во предметот Талир 3 од две јавни претпријатија, МЕПСО и Агенцијата за странски инвестиции наплатил повеќе од 220.000 евра од кои само од ЈП Комуналец -Скопје 187.000 евра. 


Пратеничката Снежана Калеска-Валчева родена е во Охрид. Средно образование завршила во Гимназија Никола Карев во Скопје во 1980 година, а на Правниот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, дипломирала во 1985 година. Приправничкиот стаж го извршувала во тогашен Општински суд Скопје 1, а во април 1987 година го положила правосудниот испит. Од 1987 до 1992 година има работено како самостоен правен референт за застапувања во ФАКОМ Скопје, а во 1992 година се запишува во Именикот на адвокати при АКРМ и отвара самостојна адвокатска канцеларија. Водејќи се од своите амбиции за континуирано усовршување во својата професија во 1994 година се стекнува со Сертификат за Застапник од областа на индустриската сосптвеност, Сертификат за постапки пред Судот за човекови права во Стразбур, како и бројни други сертификати од областа на граѓанското и стопанското право, посетувајќи многубројни домашни и странски обуки, семинари и конгреси.


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.