Трамп со нереални обвинувања

Објавил: Узунов Бобан | 19 јуни, 2019 14:39

(видео) Ако Трамп победи на изборите ќе има лек за рак и за СИДА, а ќе се слета и на Марс !

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на САД, Доналд Трамп започна кампања за следен претседателски мандат воп Флорида ветувајќи ѝ на нацијата нешто што никој не го ветил досега.

Доналд Трамп е 45-от претседател на САД, и пред влегувањето во политика се занимаваше со бизнис и често беше присутен на телевизија на разни ток шоуа. 

-Ќе ги поместиме границите на медицината, ќе излеземе со лекови за многу проблеми и болести, вклучувајќи го и ракот и другите болести. Ќе ја истребиме сидата во Америка засекогаш, кон тоа сме многу близу. Ќе поставиме основи за слетување на Марс – рекол Трамоп на час и половина долгиот митинг во Центарот „Амвеј“ во Орландо.

-Овие избори ќе бидат пресуда за тоа дали ќе живееме во држава каде луѓето ги губат изборите, одбиваат да го признаат тоа и поминуваат две години обидувајќи се да го уништат нашиот Устав и да ни ја искинат земјата – порачал тој алудирајќи на извештајот на Милеровата комисија.

-Го поминавме ловот на вештерки во политичката историја. Сето тоа беше нелегален обид за поништување на резултатите од изборите – додал Трамп. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.