Дали Ахмети најавува нова политичка пракса во Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 19 април, 2019 8:26

(видео) Ахмети: Во наш интерес е да се бира претседател во Собрание

Фото/Текст извор: ©магазин

За Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во синоќешното интервју за ТВ 21 рече дека за нив поприфатливо е претседателот на државата да се избира во Собранието.  

Доколку нема цензус од 40 отсто во вториот круг на претстојните претседателски избори, можно е претседателот на државата да се избира во Собрание. 

Али Ахмети истакна дека тезата претседателот на државата да избира во парламентот ја предложиле пред 10 години но тогаш немале поддршка од меѓународната заедница, но сега смета дека е оправдано да се случи тоа. 

Очигледно е дека на наредните парламентарни избори во битка за албанските гласови главен противник на ДУИ ќе биде и СДСМ и токму поради тоа Али Ахмети се заканува со зборовите “пробајте да ја видите ДУИ во опозиција”. Главната тупаница на СДСМ против ДУИ, Мухамед Зеќири веќе подолго време најавува битка и расчистување со како што вели криминалците од ДУИ

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири пред неколку недели изјави „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“. 

Запрашан за ваквите коментари на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, Ахмети рече дека воопшто не сака да го коментира Зекири, бидејќи зборува невистинити работи.

– Овој Мухамед дојде во мојата канцеларија пред неколку години додека работеше во Алсат барајќи да стане пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција. Го охрабрив да го продолжи својот придонес како новинар во Алсат, рече Ахмети. Да знаев дека се налутил би го земал во предвид, додаде Ахмети.

Али Ахмети им упати и порака на своите коалициони партнери да не се обидуваат ДУИ да ја стават во опозиција.

„Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција“.

-Тешко, велите?

-За 15 месеци ја ставивме на колена од ВМРО, одговори Ахмети. 

По ваквите изјави на Али Ахмети по се изгледа дека ДУИ не е подготвена на оди во опозиција и можеби токму тоа беше причината да го поддржат Стево Пендаровски за заеднички кандидат со СДСМ со цел да го амортизира поразот и да не се видливи слабите резултати на контото на ДУИ. Победа или пораз на претседателските избори, ДУИ ќе си има причини за славење на победата или оправдување на поразот без директно да ги измери силите со своите конкуренти на терен вклучувајќи го и СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести