Објавено видео од бездомник кој ги вознемирувал Центарци

Објавил: Узунов Бобан | 26 јуни, 2019 9:17

(видео) Бездомник ги вознемирува Скопјани, надлежните органи се прогласуваат за ненадлежни ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Револтирани граѓани, жители од центарот на Скопје, до редакцијата на МКД.мк испратија фотографии и видео од бездомник, кој, како што велат тие, веќе една година преспива по нивните гаражи и влезови, ги вознемирува, а никој ништo не превзема.-објави порталот мкд.мк

 

Случајот неколку пати бил пријавен во полиција, но нивниот одговор бил дека тие не се надлежни. Жителите во зградите околу Соборниот храм велат дека последниот инцидент со овој, тие велат најверојатно бегалец, се случил вчера, кога биле нападнати неколку девојчиња.

По неуспешниот нивен апел до полицијата, тие решија за ова да ја алармираат и јавноста, по што сепак очекуваат некаква интервенција на кој и да е надлежен државен орган.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.