четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Зборот гламур, е опис за целиот роденден а Анастасија и Цеца буквално влескаа во прекрасните тоалети кои ги избраа по повод роденденот на Анастасија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 мај, 2019 13:51

ВИДЕО: Богата трпеза, гламур, скапи подароци,долги тоалети- погледнете како го прослави роденденот Анастасија Ражнатовиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на познатата пејачка Цеца, вчера го прослави 21от роденден во еден белградски ресторан.

Зборот гламур, е опис за целиот роденден а Анастасија и Цеца буквално влескаа во прекрасните тоалети кои ги избраа по повод роденденот на Анастасија.

Дел од коментарите на гостите кои беа присутни беа дека, Анастасија и Цеца се како сестри, а не како мајка и ќерка.

Инаку Цеца како што пишуваат медиумите, била особено горда што оваа година Анастасија Ражнатовиќ ја организирала својата роденденска прослава сама и решила сама да ги покрие трошоците за гламурозната забава.

Веќе добро е познато дека Анастасија високо котира на српската естрада, и откако  успешно ја гради музичката кариера, Анастасија станала финансиски независна. Горда на својата наследничка Цеца одлучила да ѝ приреди едно изненадување.

Роденденскиот подарок за нејзината ќерка решила да го нарача од кај својот пријател, златарот Небојша Бојовиќ, од каде  купила уникатен ѓердан, кој на ќерка си ѝ го подарила за роденден. Ѓерданот е од бело злато со дијамант, чија вредност достигнува 10.000 евра.

-Цеца никогаш не штедела кога се работи за нејзините деца. Многу е горда на Таса бидејќи израсна во сериозна девојка која умее да се грижи сама за себе. Затоа и се воодушеви кога ќерка ѝ соопшти дека сама ќе ја финансира својата прослава, вели изворот.

Инаку со својот изглед Анастасија Ражнатовиќ уште на самиот влез ги воодушеви сите присутни. На роденденот Цеца Ражнатовиќ дојде заедно со вереницата на нејзиниот брат Вељко, Богдана Родиќ.

Речиси целата естрада присуствуваше на роденденот а во изјава за медиумите Анастасија признала дека сите кои ги сака се овде, само недостасува нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ.

На роденденот беа присутни Харис Џиновиќ, познатиот водител Милан Калениќ, Дејан Миличевич, Саша Матич со своојата сопруга, Жељко и Јована Јоксимовиќ, и уште многу други.

 

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.