Борисов го однесе Ципрас до местото каде беше планирано да се одржи нивна средба, но со неговиот џип.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2019 18:46

(ВИДЕО) Бојко Борисов го извозе Ципрас низ Бугарија во својот џип

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојко Борисов, актуелниот премиер на Бугарија, денеска го пречека својот колега Алексис Ципрас.

Борисов го однесе Ципрас до местото каде беше планирано да се одржи нивна средба, но со неговиот џип.

Тие се упатија кон местото каде што е планирано да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.

Денеска двајцата премиери ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот меѓу двете земји

Двајцата премиери, на Бугари и Грција, денеска во селото Кирково ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот меѓу двете земји.

Во чест на насобраните граѓани, Борисов, го извози Ципрас до местото каде што ќе поминува интерконекторот.

Борисов истакна дека нормално е за време на избори да се бори за да ги придобие гласовите на граѓаните, но дека не ги заборава ни после изборите. Вели важно е по завршување на изборите мештаните да продолжат да живеат во љубов, слога и заедништво.

Борисов пред Ципрас истакна дека во овој дел од земјата има граѓани од повеже етнички малцинства малцинства, бугари, турци, мулимани, православни, грци и други кои живеат убаво доколку никој не ги провоцира.

Како што пренесуваат медиумите од соседството, наводно посетата на Ципрас на Бугарија е поради тоа што тој и Борисов ќе одржат состанок со четири очи за да разговараат за соработката помеѓу Бугарија и Грција, како и енергетските, инфраструктурните и транспортните врски во балканскиот регион. Интерконекторот помеѓу Бугарија и Грција е еден од приоритетните проекти за безбедност и конкурентност на енергетскиот пазар во Европската унија.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.