„На Бога секогаш и секаде може да му се молиме.

Објавил: Владо Марин | 19 април, 2020 9:53

(ВИДЕО) Велигденска богослужба без верници, г.г. Стефан се помоли и за заразените од коронавирус!

Фото/Текст извор: ©360

Полноќната велигденска богослужба во Соборниот храм во Скопје за првпат се одржа без верници.

Архиепископот г.г. Стефан и свештениците сами го направија опходот околу храмот, а пред да го објават Христовото воскресение се помолија и за болните од коронавирус, како и за оние кои се во првите борбени редови против заразата.

„На Бога секогаш и секаде може да му се молиме. Го благословуваме сиот наш верен народ, и болните, и вработените во болниците, и војската, и полицијата и сите кои се борат со заразата. Христос воскресе! Вечен да ни е Велигден“, кажа г.г. Стефан.

Верскиот чин го следеа само новинарските екипи и мал број верници кои со свеќи во рацете излегоа на терасите од околните згради. Храмот го обезбедуваше полиција,пишува 360.

Иако Владата не ги затвори црквите, поради полицискиот час храмовите и вечерва се празни. МПЦ претходно им порача на верниците да го дочекаат Велигден во своите домови.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска  ги повика верските заедници во Македонија да ја преземат одговорноста за заштита на здравјето и животот на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.