Медиумите се едни од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава, вели Велија Рамковски.

Објавил: Перо Милчин | 28 септември, 2019 9:21

(ВИДЕО) Велија Рамковски: „Да постоеше А1 телевизија денес, фокусот ќе ѝ беше на Европската Унија„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски завчера започна со емитување на видео емисии за состојбата со медиумите во нашата земја.

Рамковски во првата емисија на неговиот јутјуб канал зборуваше за три периоди: Периодот на а1, периодот после затворањето на А1 до 2017, и третиот е за последните години.

Медиумите се едни од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава, вели Велија Рамковски.

Енергијата, идејата, мотивот и исконската желба на напредок и претставување од Крсте Петков Мисирков до денешен ден за Македонскиот народ и неговото опстојување погледната низ очите на Велија Рамковски“, стои во описот на емисијата ,Духот на А1-Епизода 1’што беше емитувана на каналот на Јутјуб и фан страницата на Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија.

-Ние сега треба да појдеме во секој град и во секое село и на секој поединец да му објасниме што значи лично за него Европска Унија. Како и каде тој може да се пронајде, тоа е голема работа за годините што идат за ние што послични да станеме на Европа. Од нас зависи, истакна Рамковски.

-Доколку А1 постоеше денес што ќе ѝ беше работата. За мене тоа значи дека до крајот на својот живот ќе можам да работам за приближување до стандардот на Европска Унија. И кога ќе ми текне дека јас, моите деца моите внуци ќе уживаат во благодетите од тие напори, од тоа заедништво со Европска Унија, така ми се живее до сто и една година, порача Рамковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести