Братот на премиерот Заев во граѓанска парница со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски

Објавил: Узунов Бобан | 27 февруари, 2019 7:30

(видео) Вице Заев за првпат пред камера ама пред суд, убедува дека не бил главен бизнис фактор во државата

Фото/Текст извор: ©магазин

Не се чуствувам како јавна личност само поради тоа што мојот брат Зоран Заев е Премиер, рече Вице Заев, за време на главната расправа во Основниот суд Скопје 2, по неговата тужба за клевета и навреда од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николвски. Тој истакна дека тужбата е резултат на лагите и манипулациите изнесени од Николовски во телевизиска емисија, со што му биле нарушени честа и угледот, и има за цел ваквите случаи да не се повторуваат во иднина.

Заев потврди дека е споственик на две фирми во Струмица, а во други две акционер. Рече дека ниту една негова фирма не е поврзана со производство на медицински канабис, дека не е сопстевник на штедилнивата “Пеон”, а доколку Николовски имал сознанија за вклученост во некаков криминал со купопродажба на градежни парцели, истите да ги пријави во ЈО. 

Немам дефиниција за тоа што е јавна личност, но јас не се чувствувам како јавна личност. Но еве, и да сум јавна личност тоа не ви дава за право да изнесувате вакви клеветнички тврдења. – одговори Заев.
Запрашан за главната причина поради која тужи, а тоа е изјавата на Николоски дека Вице Заев станува главен бизнис фактор во државата, братот на премиерот одговори дека во последните две години, тој има зголемување на приходот и прометот, но тие биле во рамките на маргините.
Во истовреме тој потврди дека поседува многу бизниси.

Според Николовски пак, Вице Заев е јавна личност бидејќи дал две интервјуа во портал и весник, а законот дозволува поголема критика кон јавните личности. Нагласи дека на денешната расправа биле констатаирани поголем број на факти поврзани со братот на премиерот, кои досега не биле познати на јавноста.

Судијката Кети Германова следното рочиште го закажа за 12 април, кога треба да бидат изнесени и завршни зборови.  

Иако јас се бранам сам, а од другата страна господинот Заев го брани адвокат, не би сакал да навлегувам во стручноста на адвокатот, но видовте и самите на крајот дека доколку сакав да го отфрлам клучниот и крунски доказ, а тоа е цедето на кое што сум ја дал изјавата, а без тоа цеде практично нема судење и доколку дадев предлог судот ќе мораше да го прифати затоа што процесно сум во право, јас одлучив тоа да не го правам, со цел истото да може да биде изведено на следното рочиште и да се докаже дека сум во право. – изјави Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.