Лекарски грешки кои чинат животи

Објавил: Узунов Бобан | 8 јули, 2019 9:00

(видео) Во Чикаго исклучиле погрешен човек од апарати за одржување живот !

Фото/Текст извор: ©магазин

Човекот што бил исклучен од апаратите и починал  во април бил донесен во болницата откако го пронашле паднат во несвест, гол и со повреди на лицето и лежел под автомобил.

Болницата Мерси во американскиот град  Чикаго, Илиноис, исклучи пациент од апарати за одржување во живот, но на барање на погрешно семејство.

Човекот што бил исклучен од апаратите и починал  во април бил донесен во болницата откако го пронашле паднат во несвест, гол и со повреди на лицето и лежел под автомобил. Полицајците од Чикаго ги нашле полициските фотографии на Алфонс Бенет во мај и контактирале со неговите роднини. Бенет починал еден ден откако неговите роднини се согласиле да го исклучат апаратот што го одржувал во живот.

Но, вистинскиот Бенет подоцна се појавил на скара, додека семејството го организирало неговиот погреб.

Полицијата потоа според отисоците на прстите го идентификувала исклучениот маж од апаратите како  69-годишниот Елиш Бритман. Неговото семејство било веднаш контактирано. 

Двете семејства сега ја тужат болницата Мерси од Чикаго поради небрежност и нанесување  емоционална болка.

Кога човекот што го исклучиле од апаратите првично пристигнал во болницата, неговиот идентитет не бил познат и бил третиран како непознат човек. Мислејќи дека станува збор за  Алфонсо Бенет, болницата контактирала со неговите сестри кои потоа ја посетиле болницата.

Сестрата на Бенет, Рози Брукс, вели дека нејзиното семејство веднаш се сомневало.

„Ги замолив да потврдат дека тоа е мојот брат, зошто не можев да го препознаам”, изјави таа за новинарите во средата.

Подоцна се покажа дека човекот пронајден под автомобилот e Елиш Бритман. Неговото семејство рече дека некое време не знаеле каде е. Полицијата го испитува случајот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.