Мицкоски вели Пендаровски самиот изјави дека е ист како Заев со 102,5 проценти, и дека кога премиерот ќе говори тој само ќе молчи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2019 18:59

ВИДЕО: „Гласот за Пендаровски е глас за Заев, тој самиот рече дека бил 102,5 проценти идентичен како него“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на митинг во Сопиште претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати пред насобраните граѓани. Тој истакна дека оној кој ќе глаза за Стево Пендаровски кандидатот за претседател од СДСМ, всушност гласа за премиерот Зоран Заев.

Мицкоски вели Пендаровски самиот изјави дека е ист како Заев со 102,5 проценти, и дека кога премиерот ќе говори тој само ќе молчи.

-Стево Пендаровски вели дека не ни требала мајка ни требал татко на нацијата. Најмалку што ни треба во овој момент е ваков татко кој што е 102,5 проценти идентичен нели и самиот велеше дека е 102,5 проценти идентичен со најголемиот лажго во поновата историја на Република Македонија. Ние го нарековме принцот на политичките лаги Зоран Заев, а овој самиот рече дека бил 102,5 проценти идентичен како Зоран Заев. Најмалку што во овој момент на Македонија и треба еден таков човек.

Како што вели тој кандидатот за претседател на СДСМ, е избран во скап хотел, а кандидатката поддржана од ВМРО, Гордана Силјановска Давкова е избрана на демократски начин на Конвенција во Струга со огромно мнозинство од страна на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на опозициската партија на голем митинг во Сопиште

-Зошто он вели дека е 102, 5 проценти е ист како Зоран Заев, затоа што на деспотски начин во мафијашки стил во еден скап и луксузен скопски хотел беше назначен од страна на Зоран Заев. За разлика од него ВМРО-ДПМНЕ имаше внатре партиска дебата деветмина кандидати се пријавија, делегатите на Конвенцијата во Струга во огромно мнозинство својот глас го дадоа за идниот претседател а тоа е проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и тоа претставува пример на една внатрепартиска демократска дебата, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  е убеден во победата на профсорката Силјановска на престојните избори, и вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија е најголемата коалиција во поновата историја на Македонија бидејќи тие коалицираат со народот, а вели СДСМ нема да ја добие поддршката од народот, бидејќи не направил коалиција со него. 

-И они ќе речат дека ја имале најголемата коалиција во поновата историја во Република Македонија, но повторно лажат, затоа што најголемата коалиција во поновата историја на Република Македонија е ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за Подобра Македонија и народот, тој кој што не направил коалиција со народот ниту смее, а ниту пак ќе го добие гласот и поддршката од народот за неговиот кандидат во случајот Стево Пендаровски, нагласи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.