Неговото семејство е во тага а премиерот на Албанија не успеа да ги задржи солзите додека во емисија во живо новинарот му постави прашање за девојката на неговиот син Кристи Речи, која го загуби животот во страотниот земјотрес. Во земјотресот загина и целото нејзино семејство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 ноември, 2019 15:40

ВИДЕО: Го прашаа за снаата која загина, Рама не можеше да издржи заплака и избега

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот премиер Еди Рама во катастрофалниот земјотрес кој во вторникот ја погоди Албанија, ја загуби свршеницата на неговиот син. 

Неговото семејство е во тага а премиерот на Албанија не успеа да ги задржи солзите додека во емисија во живо новинарот му постави прашање за девојката на неговиот син Кристи Речи, која го загуби животот во страотниот земјотрес. Во земјотресот загина и целото нејзино семејство.

Вчера во албанските медиуми се појави шпекулација дека меѓу жртвите во Туман во Албанија е и свршеницата на поголемиот син на премиерот Рама, Грегори

Еди Рама побегна од камерата, откако не можеше да ги задржи солзите.

-Не сакам да зборувам за вакви работи кои се врзани лично со мојот син. Јас сум денеска во една позиција која е невозможно да се објасни. Тие мислат дека давам душа за пари – рече Рама.

Вчера во албанските медиуми се појави шпекулација дека меѓу жртвите во Туман во Албанија е и свршеницата на поголемиот син на премиерот Рама, Грегори.

Веста за блиската личност ја потврди и Грегори Рама. Тој тоа го потврди преку социјалната мрежа на Инстаграм.

-Меѓу загинатите од оваа голема природна несреќа, моја блиска личност заедно со нејзиниот брат, мајка и татко се пронајдени под урнатините. До сега од под урнатините се извадени само две жртви. Мое сочувство за сите жртви од оваа несреќа напиша на Инстаграм поголемиот син на премиерот Еди Рама.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.