Револтот на жителите на Лондон доби сатиричен момент, кој за прв пат беше промовиран за време на посетата на Трамп, кога леташе балон со негов лик, но во форма на бебе

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 11:11

(Видео) Градоначалникот во жолти бикини леташе над Лондон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Балон во форма на градоначалникот на Лондон, Садик Кан, во бикини, лета над улиците на Лондон. Неговите критичари добија дозвола да го пуштат и така да го илустрираат барањето за негова оставка.

Балонот во форма на бебе Доналд Трамп беше пуштен за време на посетата на претседателот на САД на Англија на 13 јули 2018 година како протест за неговите надворешни политики.

Кан разгневи некои луѓе во главниот град и во целата земја, откако дозволи балон што го прикажуваше Трамп како расплакано бебе да биде пуштен над градот за време на посетата на американскиот претседател.

Организаторот Јани Бруeр собра над 58.000 фунти преку веб сајтот Crowdfunder за балонот висок 8,8 метри, а како причина за смена на Кан го наведува порастот на криминалот во Лондон и забраната за слобода на говорот.

Портпаролката на градските власти рече дека е дозволено балонот да биде пуштен во сабота над Плоштадот на Парламентот. Балонот има форма на градоначалникот во бикини поради рекламата за „тело подготвено за на плажа“ што Кан ја забрани во 2016.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.