Претходно Никола од езерските води во центарот на Охрид извади и фрижидер, када, бојлер, машина за перење, правосмукалка

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2020 19:40

(Видео) Дедо Мраз го чистеше Охридското езеро од автомобилски гуми, лименки и пластични шишиња

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“, пред два дена спроведоа подводна еко-акција во Охридското езеро.

Членовите на нуркачкиот центар кој беа облечени како Дедо Мраз од Охридското езеро пред два дена, извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалаци и пластични шишиња.

„Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годината што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации“, вели Никола Паскали од „Акватек“.

Неодамна поголема количина автомобилски гуми од езерото кај Сараиште извади нуркачот и член на клубот „Акватек“ Никола Паскали, кој изминатиот период со самостојни еко акции се обидува да ја подигне свеста за заштита на Охридското Езеро.

Претходно Никола од езерските води извади исто така фрижидер, када, бојлер, машина за перење, правосмукалка…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани