ДУИ негодуза за изборот на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање

Објавил: Узунов Бобан | 23 мај, 2019 14:14

(видео) Еролд Муслиу: Не знам кој е ставот на ДУИ, јас сум назначен од Стево Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин

Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање, одби да ги коментира изјавите на челниците на ДУИ дека се загрижени откако него на оваа функција го постави новоименуваниот претседател на државата, Стево Пендаровски.

Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира.

-Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање, рече тој, пренесе Алсат.

Тој вели: „Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од Претседателот, јас сум именуван од Претседателот  Стево Пендаровски“.

-ДУИ е политичка партија, Бујар Османи е вицепремиер, не знам која функција ја има во политичката партија, не знам каква изјава дал, не знам кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знам тие се заедно во влада со СДСМ, значи го поддржаа претседателот Стево Пендаровски, што да кажам понатаму, вели Муслиу.

Вчера одлука на претседателот Пендаровски за назначување директор на Агенцијата не вознемири сите и стави сенка на вчерашниот ден кога Собрането ја донесе реформата за безбедносните служби. Нашите информации се дека одлуката е донесена врз основа на недоволна информиранот и дека не е злонамерна. Ставот на ДУИ е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту еден човек кој бил дел од службите на Иванов не треба да биде на чело на таквите сензитивни институции. Очекуваме дека овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по однос на неговата одлука – изјави денеска Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.