Иван е во добра здравствена состојба и по препораките на доктор Митрев веќе се подготвува за отпуст од болницата и понатамошно лекување и нега во својот дом.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јуни, 2020 19:08

(ВИДЕО) Жан Митрев го посети Иван Огњановски, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на срце во државава

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Доктор Жан Митрев денеска го посети Иван Огњановски, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на срце во државава, соопштија од клиниката!

Иван е во добра здравствена состојба и по препораките на доктор Митрев веќе се подготвува за отпуст од болницата и понатамошно лекување и нега во својот дом.

Иван со нетпрение ја очекуваше средбата со доктор Митрев за што и стана и се поздрави со доктор Митрев со цел сите да ги увери во својата желба да оздравее и што поскоро да се врати на нормалниот живот.

Во неговото опоравување во континуитет сите изминати денови се вклучени лекари од нашата клиника кои со колегите од државната кардиохирургија секоја минута ја следнат неговата здравствена состојба.

Соработката помеѓу Zan Mitrev Clinic и тимот на државната кардиохирургија продолжува и понатаму а посебно кога станува збор за тешко болни пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...