Втор обид за опожарување на хортикултурното уредување пред Клиниката на Жан Митрев

Објавил: Мартин Попоски | 15 август, 2018 13:15

ВИДЕО: “Запалени палми пред Клиниката на Жан Митрев”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на изминатите денови во градината на Клиниката “Жан Митрев” се запалени две палми од страна на група млади лица информираат од Клиниката.

Едниот случај е регистриран минатата сабота во околу 01:30 часот а другиот синоќа околу 02:30 часот.

На видеата кои се направени со безбедносните камери на Клиниката се забележуваат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата што за неколку секунди вивнува во пламен.

Во вториот случај на безбедносните камери младите лица се симнуваат од автомобил со прикриено лице и се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја палат по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото.

Видеата ќе бидат искористени за понатамошна истрага во која ќе се бара кои се сторителите и кои се мотивите за тоа некој да направи ваков вандалски нецивилизиран чин.

видео од настанот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести