Најпрво општината започна со уривање на дивоградбите на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид , каде во моментот се урива првата дивоградба за која општината претходно издаде решение. Станува збор за куќа која се гради и покрај тоа што нема решение за градба. Пред десетина дена на истата локација беа уапсени неколку градежни работници кои мешаа малтер, бидејќи граделе и покрај забраната.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2019 11:39

ВИДЕО: Започна уривањето во Охрид, врие полиција, се урна првта дивоградба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска општина Охрид започна со рушење на дивоградбите односно нелегално изградените објекти, пишува Канал 5.

Најпрво општината започна со уривање на дивоградбите на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид , каде во моментот се урива првата дивоградба за која општината претходно издаде решение. Станува збор за куќа која се гради и покрај тоа што нема решение за градба. Пред десетина дена на истата локација беа уапсени неколку градежни работници кои мешаа малтер, бидејќи граделе и покрај забраната.

Куќата е обиколена со полиција, а нема трага од сопственикот, објави Канал 5.

Охрид мора да ги руши сите дивоградби за да биде под заштита на УНЕСКО

Инаку од вкупно 1.076 дивоградби во Охрид, 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот.

Во рамки на оваа вкупна бројка, 82 предмети се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, 8 за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти, покажа посебниот Регистар на нелегалните градби што го изработи Општина Охрид за нејзината територија, согласно препораките кои беа нотирани од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Надлежните пред извесно време излегоа со смирувачка изјава дека нема да се уриваат сите дивоградби во Охрид  и дека во тек е изработката на регистарот на дивоградби , во кој се очекува да бидат впишани околу петстотини објекти.

Според насоките на УНЕСКО за секој дивоизграден објект поединечно ќе се прави оценка за влијание врз животната средина. Ќе се уриваат само оние објекти за кои, стручната комисија ќе потврди дека  имаат штетно влијание врз живтната средина или  се до самото езеро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести