Конфузни изјави на специјалната јавна обвинителка

Објавил: Узунов Бобан | 13 јуни, 2019 16:14

(видео) Катица Јанева не гарантираше дека бомбите на Ел Чека не се од кај неа, сега вели можел да ги земе и од youtube !

Фото/Текст извор: ©магазин

Катица Јанева даде отчет за сработеното во првата половина од годинава. Шефицата на СЈО го презентираше извештајот за работата на нејзиниот тим пред Советот на обвинители. Јанева објасни дека членовите на ова тело биле задоволни од работата на СЈО. 

Првично Јанева не гарантираше дека бомбите не се од СЈО, сега вели дека Ел Чека може да си ги земал и од мрежата youtube.

Тоа го анализираан информатичарите, има нешто што е детектирано кај нас, а дел не. Така да се уште бараме по тие разговори. Има дел од „бомбите“ кои ги имаме и ние. Во овој момент не може да гарантираме дека тие не се од кај нас, бидејќи се исражува“.рале конкретно за активни истраги. Јанева и Советот на обвинители заклучиле и дека мора во најбрз можен рок да се донесе законот за обвинителство со кој се решава и идниот статус на СЈО.

Денеска Јанева беше во посета на Советот на Јавни обвинители

Поразговаравме за извештајот, за предизвиците на СЈО, за новиот закон. Реално јас што можам да кажам, дека беа задоволни дека е многу исцрпен извештајот, многу со детали и дека не мора толку да навлегуваме во детали. Се договоривме за некои технички работи за новиот извештај. Во суштина беа задоволни, немаше некои посебни недоразбирања“, рече Јанева.

Јанева уште еднаш дообјасни дека прислушуваните разговори кои ги објавува кичевчанецот Шеќерим Ахмети кој на Фејсбук е познат како „Ел Чека“, не се во нивната архива. Јанева имаше интересен одговор на новинарско прашање дека се ре-објавуваат и стари „бомби“.

„Тие се јавно објавени, може да си ги презема од Ју Тјуб. Сега што да кажам за тие. Ајде поздрав…“, рече Јанева. 

Шеќерим Ахмети „Ел Чека“ живее во Америка, а пред неколку недели почна да објавува прислушувани разговори на фејсбук. Најголем дел од „бомбите“ се однесуваат за ДУИ и најтесното партиско раководство. Паралелно, освен редовното обвинителство кое го истражува објавувањето нови „бомби“, истрага води и СЈО од каде запленија нелегално прислушувани разговори кај бизнисменот Љупчо Палевски и кај Захир Бекири  – Чауш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести